Три жени се уапсени во Иран

Иранските власти денеска уапсија три адвокати откако тие се вратиле во земјата од странство. Жените-адвокати Марјам Кинерси, Марјам Карбаси и Сара Сабагин се уапсени под обвинение за нарушување на безбедноста при пристигнувањето на аеродомот, јавуват локални медиуми.
Во септември , адвокатките потпишале отворено писмо во кои повикуваат да се ослободи адвокатот Насрим Сотоудех кој застапувал активисти за човекови права и опозициски политичари што биле уапсени за време на минатогодишните протести по претседателските избори.
Адвокатките во април потпишале и петиција против предлог-законот за олеснување на ограничувањата на полигамијата.