Принц Вилијам им оддаде почит на загинатите британски војници во Авганистан

Британската Кралица Елизабета Втора им оддаде почит на загинатите војници од двете светски војни. Нејзиниот внук, принц Вилијам денеска во Авганистан им оддаде почит на загинатите војници во земјата. Во мировната мисија Авганистан учествуваат околу 9500 британски војници. Од почетокот на воената интервенција во Авганистан, во есента 2001 година, па досега, во оваа земја загинаа над 250 британски војници.