Берлускони побара да се гласа за доверба на Владата

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони најави за денеска дека ќе побара во Парламентот да се гласа за доверба на Владата. Новинските агенции јавуваат дека за ова барање се известени претседателите на двата дома во Парламентот, на Сенатот и на Претставничкиот дом.
Овој потег следува по информациите објавени во италијанските медиуми дека дел од министрите наредната недела ќе ја напуштат Владата и ќе му се приклучат на поранешниот сопартиец а сега најголем ривал на Берлускони, Претседателот на Долниот Дом Џафранко Фини.