Здружената опозиција ќе протестира денеска во Албанија

Здружената опозиција во Албанија најави за денеска антивладините протести во сите поголеми градови, соопштувајќи дека нјмасовниот проетст ќе биде одоржан во Тирана. Спартак Нѓела од здружената опозиција, во која освен социјалистите се и пет помали партии изјави дека опозицијата одлучила да ја смени тешката состојба во која се наоѓа земјата.
Тој го обвини премиерот Сали Бериша дека државата ја држи во заложништво и се обидува да владее со сите институции со што го поддржа предлогот на социјалистите за интерпелација на премиерот Бериша и претседателот Јозефина Топали.