Најмалку 4 милитанти загинале во Пакистан

Пакистанските безбедносни сили соопштија дека две ракети се испукани од американско беспилотно летало при што загинале четворица милитанти. Ракетниот напад бил извршен врз село кое се наоѓа во северниот дел на Вазиристан, област која се смета дека е упориште на Талибанците и припадниците на Ал Каеда.