Нобеловци на состанок во Хирошима за нуклеарно разоружување

Добитници на Нобеловата награда за мир одржуваат состанок во Хирошима, Јапонија, на кој повикаа на нуклеарно разоружување. Меѓу говорниците на три-дневниот состанок е и тибетанскиот духовен лидер Далај Лама. Американскиот претседател Барак Обама, кој во минатата година ја доби Нобеловата награда за мир токму за пропагирањето на нуклеарно разоружување, нема да присуствува на собирот во Хирошима, поради тоа што настанот се поклопува со Самитот на Г 20 во Сеул и собирот на Азиско – Пацифичката група во Јапонија.