Инцко-етничките тензии во БИХ причина за застој на реформите

Меѓународниот претставник за Босна и Херцеговина, Валентин Инцко изјави дека етничката поделеност меѓу Муслиманите, Србите и Хрватите во земјата го кочи спроведувањето на реформите. Инцко побарал од советот за безбедност на ОН да не ја затвора канцеларијата во земјата додека не биде постигнат некаков пргогрес. Според него 15 години по потпишувањето на Дејтонскиот договор и по завршувањето на војната се уште националистичките побуди се над соработката и желбата за компромис.