Медведев ќе се сретне со јапонскиот премиер Кан

Рускиот претседател Дмитри Медведев ќе се сретне со јапонскиот премиер Наото Кан на маргините на азиско-пацифичкиот форум за економска соработка, кој ќе се одржи викендов во Јокохама. Тензиите меѓу Москва и Токио се појавија кога Медведев на 1 ноември оствари посета на еден од островите за кои и двете земји тврдат дека се во нивна сопственост. Тие ќе разговараат за меѓусебните односи, но потпаролот на кабиентот на Медведев соопшти дека нивниот став за спорот со островите не е променет.