Германската фудбалска легенда Бекенбауер се повлекува од ФИФА

Германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер денеска изјави дека се повлекува од својата функција во Извршниот комитет на светската фудбалска федерација ФИФА, поради како што вели лични и семејни причини. Поранешниот освојувач на титулата Светски првак како Капитен на германската репрезенатција и селектор, објасни дека нема да учествува во работата на ФИФА за 2011-та година.