Билд: Шведска го поддржува проширувањето на ЕУ

Шведскиот министер за надворешна политика, Карл Билд изјави дека проширувањето на Еу е едно од централните прашања за надворешната политика на Шведска. Тој го поздрави доближувањето на Хрватска кон крајот на преговорите и истакна дека за Шведска би биле добредојдени преговорите за членство на Македонија во Унијата. Билд упатил критика до претседавачот на Европскиот Совет, Херман Вон Ромпуј за премолчаниот напредок на Турција.