Започна самитот Г20

Лидерите на најголемите светски економии пристигнаат денеска и со свечена вечера ќе го оддбележат отварањето на самитот Г 20 во Сеол. Во фокусот на самитот се споровите околу курсните политики и владините дефицити.
САД и Европската Унија ја обвинуваат Кина дека ја држи својата валута на вештачки ниско ново, со цел извозот да и биде поевтин. Кина и други земји пак ги критикуваа САД за одлуката на американската централна банка да се внесе уште една 600 милијарди долари во американската економија.