Иванов во Авганистан: Македонија како да е членка на НАТО

Македонија треба да се гордее со учеството на нашите војници во мисијата ИСАФ во Авганистан бидејќи тие на најдобар начин ги претставуваат сите реформи во армијата, , изјави денеска шефот на македонската држава Ѓорге Иванов, кој е во прва посета на македонските војници во Авганистан.
Претседателот Иванов нагласи дека иако се уште Македонија не е членка на НАТО, во мисијата ИСАФ во Авганистан покажува оти ги исполнува сите обврски и се однесува како и сите земји-членки на Алијансата. Тој потенцира дека македонските мировници во оваа мисија придонесуваат и за светскиот мир и за градењето на институциите во Авганистан.
Во моментов Република Македонија во ИСАФ учествува со 242 војници, распоредени во четири поголеми контингенти. Досега во оваа мисија учествувале повеќе од 1.500 македонски војници.