САД побараа од Северна Кореја запирање на нуклеарната програма

Американскиот Претседател Барак Обама денеска побара од Северна Кореја да ја запре воената нуклеарна програма која води кон натамошна изолација и намалена безбедност на земјата.
Обама пред американските војници стационирани во Јужна Кореја изјави дека сојузништвото на САД со Јужна Кореја никогаш не било посилно.