Иранскиот имот во САД „под мраз“ уште една година

Американскиот претседател Барак Обама одлучи да го продолжи „замрзнувањето“ на иранскиот имот во САД за уште една година. Америка прв пат го замрзна иранскиот имот пред 31 година за време на иранската исламска револуција, кога исламистите држеа во заложништво 52 Американци во амбасадата на САД во Техеран.