Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд. На одредени места има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура се движи од девет до 15, а дневната од 15 до 20 степени. Во Скопје слично време со повремен дожд, особено попладне.