Клинтон: Преговорите на Блискиот Исток се во „ ќор -сокак“

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изрази разочарување за блокираните мировни разговори на Блискиот исток , за кои, како што вели, се уште се во „ќор сокак“ поради израелските планови за изградба на еврејска населба во Ерусалим. Таа додаде дека се уште има можност да се добие набрзо „ позитивен исход“ од ситуацијава. Ова го изјави Клинтон по денешната средба со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху. Претходно, неделава Израел потврди дека останува на идеата да изгради 1300 домови за еврејски семејства во источниот дел на Ерусалим со што предизвика жестока реакција од Палестинците кои обвинуваат за саботажа на преговорите.