Последна сесија на македонското претседавање со Комитетот на Министри на Советот на Европа

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски денеска изјави дека Претседавањето со Комитетот на министрите на Советот на Европа претставува чест, напор и обврска за Македонија и земјата покажа и зрелост и капцитет да раководи со оваа институција.Тој додаде дека ова претседавање ќе биде добра препорака за угледот на земјата како земја канидат за членство во Европската унија.Македонското претседателство на денешната последна сесија со која ќе претседава ќе претстави серија на предлози за реформа на претседавњето со Комитетот на министрите, бидејќи, како штои вели министерот Милошоски, сега е време за Советот на Европа да влезе во трета фаза на своите реформи за да ја зголеми својата политичка релевантност како најстара пан-европска организација.