Недостигот на „македонски“ доказ за лажниот патриотизам на власта

Прашан за став околу процесот за решавање на спорот со името, потпретседателот на опозицискиот СДСМ Гордан Георгиев рече дека веќе четири години во извештајот не се спомнува зборот македонски, ниту македонски јазик или етнички Македонец, а последен пат македонски како придавка е содржано повеќе од четириесет пати во извештајот од 2005 година.

„Тоа е индиректен доказ за тоа што ние цело време го тврдиме, а тоа е дека китење со лажен патриотизам, правење милионски проекти од типот на Скопје 2014 не и помагаат на Македонија да просперира во европските интеграции и да го реши спорот со името. Тоа не е начин како се влегува интензивно во преговори и како се решава проблемот со името“, рече Георгиев.