Филе е подготвен да помогне во спорот со името доколку

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изрази подготвеност заедно со претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо да дадат свој придонес во преговорите за спорот со името меѓу Македонија и Грција доколку тоа се побара од нив. Филе на синоќешната Комисија за надворешни работи на Европскиот парламент изјави дека дирекните контакти на премиерите на Македонија и Грција може да донесат промени и решение на проблемот со името, но додаде дека не сака да се впушта во дискусија кој е во прво а кој не е во спорот. Тој испрати порака до премиерите на двете земји дека треба да бидат свесни за влогот кој е во игра.