Колективното Претседателство на БиХ од денеска на должност

Новоизбраните членови на колективното Претседателството на Босна и Херцеговина, положија заклетва во Сараево со што од денеска официјално стапуваат на должност. Мандатот на босанското претседателство трае 4 години. Во првите осум месеци, претседавач ќе биде српскиот претставник Небојша Радмановиќ, по него следува хрватскиот Жељко Комишиќ а последен е претставникот на бошњаците Бакир Изетбеговиќ.