Српската влада одлучи- косовските Срби нема да гласаат во Косово

Српската Влада денеска заклучи дека се уште „не се создадени услови“ за да ги повика косовските Срби да излезат на гласање на престојните предвремени избори во Косово. Во соопштението на владата е наведено дека е неопходно прво да се реши прашањето за Косово и Метохија по пат на дијалог меѓу Белград и Приштина. Предвремените парламентарни избори во Косово ќе се оддржат на 12 декември.