Бесими: Ни една земја во регионот не може да спроведе меѓународен тендер за енергетика

На забелешките од Европската Комисија во Извештајот дека Министерството за економија нема доволен капацитет за успешно организирање тендери за големи прокети од областа на енергетиката, министерот за економија Фатмир Бесими изјави дека ни една земја во регионот нема администрација што може да спроведе таков тендер. Тој додаде дека поради специфичноста на тие тендери , помош ќе побараат од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ во реализацијата на енергетските проекти.