ЕК ги казни најголемите светски авиокомпании за местење на цени

Европската Комисија казни 11 авиокомпании кои треба да платат оштета од неколку милијарди долари поради договарање на цените. Најголема казна треба да плати Франс аир во вредност од 400 милиони долари, а со неа казнети се и Бритиш Ервејс и јапонска компанија. Во одлуката на Европската Комсија е наведено дека однесувањето на компаниите е штетно и за потрошувачите и за нивните соработници. Со оваа одлука Комисијата испрати порака дека нема да толерира недозволени местења на цените.