Еврокомесарот Филе во посета на Црна Гора

Комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе вечер во Подгорица на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ќе му го врачи мислењето на Европската комисија за молбата на оваа земја за статус кандидат за прием во Унијата. Комисијата и го одобри статусот на кандидат на Црна Гора, а пристапните преговори, како што рече Филе вчера во Брисел, ќе почнат кога Подгорица ќе ги исполни политичките услови предвидени со критериумите од Копенхаген- за владеење на правото и за стабилност на институциите.