Инаугурација на новото претседателство на БиХ

Денеска во Сараево ќе бие инаугуриран новиот состав на колективното претседателство на БиХ, врз основа на изборите одржани во минатиот месец. Во наредните четири години членови на ова тело ќе бидат Бакир Изетбеговиќ, Жељко Комшиќ и Небојша Радмановиќ. Тричленото претседателство функционира според системот на ротација и претседавачот се менува на секои осум месеци.