Ослободени сомалиски пирати во Кенија

Судот во Кенија денеска ослободи 9 Сомалијци кои беа осомничени за напад на германски брод. Судот соопшти дека ваква одлука донел затоа што нема овластување да суди за дело кое се случило надвор од водите на Кенија. Претходно судот ослободи 17 сомалиски пирати со образложение дека нема доволно докази. Судот е основан во договор со ЕУ, САД,Канада,Британија,Кина и Германија за да ги гони пиратите кои „оперираат“ во близина на брегот на Источна Африка.