НАТО уапси 4 милитанти во Авганистан

НАТО-силите, во соработка со авганистанските безбедносни власти, уапсија четворица осомничени милитанти кои се обиделе да заминат во Саудиска Арабија. Во мисијата ИСАФ соопштуваат дека му наредиле на комерцијалниот авион кој летал од Кабул кон Саудиска Арабија да се врати на кабулскиот аеродром, откако добиле разузнавачки информации дека во авионот има високи претставници на милитантни организации: дека во авионот има високи претставници на милитантни организации, некои од нив поврзани со Ал Каеда.