Турција ќе постави професионални војници на границата со Ирак

Турција планира да распореди воени единици составени од професионални војници на границата со Ирак за да го запре навлегувањето на курдски бунтовници од Северен Ирак на нејизна територија. Ова го изјави министерот за одбрана Веџди Ѓунул.
Во првата етапа 50.000 луѓе ќе бидат најмени во редовите на армијата за период од минимум три години и ќе учествуваат во борбата против тероризмот.Министерот Ѓунул додаде дека под борба против тероризмот е предвидена и борбата на Анкара против бунтовниците од Курдската работничка партија. Според Анкара, околу 2.000 курдски бунтовници се во бази на партијата во планините во Северен Ирак.