САД и Индонезија ќе ја прошират соработката

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот индонезиски колега , Сусило Бамбанг Јудојомо по нивната средба во Џакарта соопштија дека Соединетите Американски држави и Индонезија ќе ја прошират својата соработка во областа на трговија, енергетскиот и климатскиот сектор и борбата против тероризмот. Во текот на денот, Обама ќе ја посети најголемата џамија во во Индонезија каде ќе одржи и говор. Посетата на Индонезија е дел од 10 дневната турнеја на Обама низ Азија.