Македонија го завршува преседавањето со Комитетот на Министри на СЕ

Република Македонија утре го завршува 6 месечното во претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа. По тој повод утре во Старзбур, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во својство на претседавач ќе направи преглед на активностите кои македонското претседателство ги реализираше во изминатиот шестмесечен период, а кои беа фокусирани на три главни области: засилување на заштитата на човековите права, јакнење на интеграцијата со почитувањето на различностите и промоција на младинската соработка.