Нуклеарниот отпад повторно на пат кон Горблен - Германија

Конвојот од 123 камиони со високо радиоактивен отпад по деновите жестоки протести на екологистите е повторно на пат кон складовите во Горблен - Северна Германија. Одпадот од горивото пристигна пред 4 дена од Франција.
Германија со години таму го складира нуклеарниот отпад, но оваа година протестите беа особено силни затоа што канцеларката Ангела Меркел најави одложување на затворањето на 17 нуклеарни реактори што беше предвидено за 2020 година.