Грција денеска со нова серија на државни обврзници

Грција денеска ќе емитува нова серија државни обврзници со рок на доспевање за 26 недели, од чија продажба очекува да инкасира околу 300 милиони евра.
Во меѓу време, американската банка „Морган Стенли“ објави прогноза дека Грција ќе остана финансиски зависна од Европската Комисија, Европската централна банка и ММФ, што и го доделија пакетот од 110 милијарди евра, многу подолго од времетраењето на потпишаниот меморандум за помош.
Експерттски тим на „тројката“ вчера допатува во Атина со цел да ја утврди финасиската состојба на Грција. Од оценката на овој тим ќе зависи дали до крајот на месецот Атина ќе ја добие третата транша од помошта во износ од девет милијарди евра.