ЕК ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ

Европската Комисија, денеска попладне ќе го објави Извештајот за напредокот на Македонија и на другите земји кандидати и аспиранти за членство во ЕУ за 2010 година .Денеска ќе се знае до каде е Македонија во реформскиот процес на патот кон Унијата . Минатата година земјата доби критики за судството, јавната администрација и корупцијата . Експертите очекуваат, овој пат, освен претходно нотираните слаби точки , да бидат истакнати и проблемите со слободата на говор, политичкиот дијалог и сиромаштијата.