Обама во посета на Индонезија

Американскиот претседател Барак Обама по посетата на Индија, замина за Индонезија. За време на својата посета, Обама ќе побара да се зголемат безбедносните и трговските врски меѓу двете земји . Индонезија е најголемата муслиманска земја.
Земјата е важна дестинација за Обама од стратегиски причини, затоа што нејзиното значење како сојузник на САД е во пораст.