ЕУ со црна листа на аеродроми

Министрите за внатрешни работи на ЕУ размислуваат да предложат план за зајакнување на контролата на товарот кој се пренесува со авиони. Планот вклучува формирање на црна листа на аеродроми кои се надвор од ЕУ за кои ќе се оцени дека немаат соодветни безбедносни мерки. Во планот е вклучена и специјала конторла на „сомнителни пратки“ како што беа матријалите од Јемен упатени на еврејските организации во Европа и САД. Доколку се усвои планот, тоа ќе биде прв пат ЕУ да усвои така наречена „црна листа на аеродроми“. Унијата веќе има таква листа на странски авиокомпании. На неа се наоѓаат 278 компании од 7 земји.