Парламентарни избори во Јордан

Во Јордан денеска се одржуваат предвремени општи избори. Околу 2,5 милиони луѓе кои имаат право на глас, на 1.492 избирачки места ќе треба да изберат 120 претставници за во парламентот. Пријавени се 763 кандидати, од кои 134 жени. Во Долниот дом, дванаесет места се резервирани за жени, девет за Христијаните и три за Черкезите.