Процесот на проширување на Европската Унија доби нов замав

Помирувањето на Западен Балкан бележи напредок, во подготовка е дијалог меѓу Србија и Косово, додека останатите земји преземаат поголема одговорност во регионалата соработка. Ова се делови од стратегијата за проширување на ЕУ која утре ќе ја објави Европската Комисија заедно со годишните извештаи за напредокот на земјите од Западен Балкан, јавува новинската агенција Бета. Според извештајот за напредокот на Србија, што утре ќе биде објавен, земјата напреднала во политичката демократизација , но неопходно е целосна соработка со Хашкиот Трубунал односно Белград да докаже дека прави се за пред судот во Хаг да се најдат и остататите воени злосторници.