САД сака да ја види Индија како постојан член во Советот на ОН

Американскиот претседател Барак Обама ја подржа Индија во барањето за постојано членство во Советот за безбедноста во Обединетите Нации. Ова е дел од неговиот говор кој денеска го одржа пред индискиот парламент во Њу Делхи.Тој вели дека со нетрпение го очекува реформираниот Совет за безбедност со Индија како постојан член.