Ирачките политичари почнаа преговори за формирање Влада

Ирачките политички лидери денеска одржаа состанок во обид да го решат 8 месечниот проблем со формирање на Влада, но не постигнаа договор. Состанокот што се одржа во главниот град на курдскиот регион во Ирак, Арбил е првиот јавен состанок на кој на иста маса седнаа политичарите од сунисткиот и шиитскиот блок. Во Ирак се уште не е формирана Влада, затоа што ни една партија на парламенатрните избори во март не освои доволно гласови за може сама да формира влада. По денешниот 90 минутен состанок, лидерите се договорија повторно да се сретнат утре во Багдад.