Земјите од Г20 не се доволно консултирани?

Земјите од Г20 треба да бидат консултирани пред да се донесуваат големи одлуки како што е одлуката од американските федерални резерви да им се дадат 600 милијарди долари на банките. Ова го изјави рускиот преговарач Аркадиј Дворкович за новинската агенција Ројтерс, кој додаде дека рускиот претседател ќе бара таквите мерки да не се преземаат без претходно земјата која сака да ги примени да се консултура со другите членови на Г20. Минатонеделното олабавување на монетарната политика на Соединетите Американски Држави предизвика критика од светските политичари и се очекува тоа да бида главна тема на самитот на Г20 кој треба да се одржи во Јужна Кореа.