Авганистанците ќе се грижат за безбедноста во земјата од 2014-та?

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс и началникот на генералштабот Мајк Мулен денеска повторија дека во 2014-та година авганистанците би можеле да ја превземат одговороноста за безбедноста во Авганистан. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи претходно оцени дека неговата земја нема да биде подготвена за превземање на контролата во 2014-та. Американскиот претседател Барак Обама и НАТО сојузниците ќе расправаат за ова прашање на престојниот самит на Алијансата во Лисабон