Вестервеле во посета на Појасот Газа

Германскиот шеф на дипломатијата Гвидо Ветсервеле, кој вчера пристигна во Израел, денеска е во посета на Појасот Газа. Главна цел на посетата е да се запознае со ситуацијата во таа палестинска енклава, која Израел ја држи под блокада од 2006-та година, но не планира средби со претставници на Хамас. Вестервеле вчера го повика Израел да го дозволи извозот од Појасот Газа.