Ештон ги критикува изборите во Мјанмар

Шефот на дипломатијата на Европската Унија Кетрин Ештон денеска изрази жалење што не биле почитувани меѓународните стандарди на изборите во Мјанмар и побара итно да бидат ослободени политичките затвореници. Во соопштението од кабинетот на Ештон е наведено дека ЕУ жали што на првите избори по 20 години не се преземени мерки за одржување на слободни, праведни и демократски избори. На странските новинари во Мјанмар, не им било дозволено да известуваат од настанот.