Комеморација на француските и на германските воени гробишта во Битола

Амбасадорите на Франција и Германија во Македонија, во присуство на македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски и градоначалникот Владимир Талески, денеска во Битола одржаа комеморации на француските и на германските воени гробишта, посветени на 11 ноември 1918 - Денот на примирјето од Првата светска војна.
Амбасадорка на Германија во Македонија, Урлике Марија Кноц изјави дека пријателството меѓу Германија и Франција се уште е едно големо чудо од историјата на Европа врз кое се темели и Европската унија и дека тоа пријателство е пример и за другите народи. Заедничката комеморација на амбасадите на Германија и Франција во Битола се одржува по четврти пат.