Британскиот возач на формула, Батон спаси глава во Бразил

Вооружени напаѓачи го нападнале британскиот возач на Формула, Џенсон Батон во бразилскиот град Сан Паоло. Неговиот тим, Мекларен соопшти дека Батон заедно со својот татко и менаџер се возел во блиндирано возило кога биле нападнати од вооружени луѓе, но никој не е повреден. Големите градови во Бразил имаат висока стапка на насилни кривични дела, кои предизвикуваат загриженост во пресрет на големи настани како Светското првенство во Фудбал во 2014 година.