Москва им оддаде почит на бранителите од Втората Светска Војна

Илјадници руски воени кадети облечени во униформи од Втората Светска Војна денеска парадираа низ московскиот Црвен Плоштад. Парадата е одржана во чест на загинатите борци кои во 1941 парадираа до фронот и застана во одбрана на Моска од нацистите. Меѓу гостите беа и 40 ветерани кои учествувале во оригиналната парада пред 69 години. Новиот градоначалник на Москва, Сергеј Собјанин им оддаде почит на нив и на сите кои учествувале во одбраната на градот.