Краљево остана без речиси 600 домови и згради

По земјотресот во Краљево, 593 домови и згради не се повеќе за употреба, а над 2 илјади мора да се санираат, соопштија денеска од кризниот штаб за вонредни состојби во градот. Според податоците на Комисијата за штети, до сега е пријавено оштетување на над 12 илјади обејкти во градот и околните села. Во земјотресот кој пред една недела го потресе Крањево со интезитет од 5,4 степени по Рихтеровата скала, загинаа 2 лица.