Турција ќе биде домаќин на преговорите со Иран

Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки изјави денеска во Техеран дека блокираните преговори на Иран со светските сили може колку што е можно поскоро да мрдат од мртва точка во Турција. Тој додаде дека како што му било кажано дека „иранските турски пријатели “ се подготвени да бидат домаќини на преговорите. Мотаки вели дека датумот, местото и агендата за преговорите се уште не се точно определени. Постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации плус Германија предложија разговорите со Иран околу нуклеарната програма да се одржат во Виена од15-ти до 17-ти ноември. Иран тогаш соопшти дека е отворен за таа идеа, но никогаш формални не се согласи.