Жбогар : Нема членство во НАТО И ЕУ без решение на спорот со името

Македонија ги исполни условите за членство во НАТО и за почеток на преговорите со ЕУ, но реалноста е поинаква. За да се случи тоа неопходно е прво да се најде решение за спорот со името со Грција. Ова го изјави шефот на словенечката дипломатија Самуел Жбогар во интервју за македонската новинска агенција МИА.
Тој изрази жалење што поради нерешениот спор за името, Македонија се уште не доби датум за почнување на преговори со ЕУ. Жбогар истакна дека Словенија активно ја поддржува земјава, но мора да се сфати реалната состојба и што е можно побргу да се постигне обострано прифатливо решение во врска со спорот со Грција, затоа што е дојдено време за тоа.
Тој додаде дека словенечко-хрватскиот модел е добар пример за решавање на билатерални пршања но е тешко применлив во случаи на спор што се однесува на историјата.