Талибанците не се откажуваат од Ал Каеда?

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арбија, принцот Сауд Ал Фајсал изјави дека запреле со своите посреднички обиди во преговорите меѓу авганистанската влада и талибанците затоа што фундаменталистичките групи не сакале да ја прекинат својата врска со Ал Каеда. Минатиот февруари,авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи испрати мала делегација од поранешни талибански членови во Саудиска Арабија за да побараат помош за почнување на разговори со Талибанците.